ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/15/22 10:30 AM

(Видео) Колозова: Деценискиот спор со Грција се затвори со потпишување на договор, со Бугарија се отвори по потпишување

Тоа што е необично, околу фактот што станува спор со Бугарија е дека, спорот со Грција кој што беше децениски се затвори со потпишување на еден договор, а со Бугарија се отвори по потпишување на договорот, вели универзитетската професорка, Катерина Колозова во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

„Со Грција исто имаме обврска да организираме комисии за историја, ревизија на учебници, но никој не се замара со тоа, ниту јавноста и политичарите вршат надзор и притисок кога ќе биде, какави резултати ќе имаме. Јас еве гледам дека сеуште имаме учебник по филозофија за гимназиско образование каде зборот „грчка филозофија“ воопшто не се спомнува. Се кажува античка филозофија, но не се кажаува каква филозофија, зборот грчка се избегнува. И ден денес имаметаков учебни, па се работи на тоа, се работи на ревизија, најверојатно еден ден тој учебник ќе биде корегиран и итн“, изјави Колозова и додаде дека нема пресија, ниту од грчка страна, ниту од наша страна.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1