ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 11:20 PM

После свршувачката, Меган Фокс испила крв од својот вереник како доказ за големата љубов

Меган Фокс и Машин Ган Кели, еден од најпознатите парови од минатата година, се верија.

На нејзиниот Инстаграм излезе видео од целото запросување и токму кога помисливме дека се си оди како и обично, со неговото клекнување и нејзините солзи, на крајот сепак мораа да го зачинат и како одраз на голема љубов испија секој туѓа крв.

Актерката и раперот веќе со месеци се во првите редови на светските медиуми поради покажувањето на својата љубов, бакнувањето и гушкањето на фотографиите и поради разните љубовни лудории.

Во јули 2020 година седевме под ова дрво, напиша Фокс на Инстаграм. Баравме магија. Не бевме свесни за болката со која ќе се соочиме заедно во толку краток, избезумен временски период.

Секако, објавата на крајот ја зачинила со пиење крв еден од друг како симбол на љубовта, а ваквите медиумски испади се токму она за што луѓето сакаат да зборуваат, пишуваат, но и да се исмејуваат. Поради јакната на Кели, а и поради силната готичка линија меѓу нив, сите веќе почнаа да ги споредуваат со Битлс и неговата девојка, како и со двајца љубовници од култниот тинејџерски филм „Twilight“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Нивниот пар од двојните состаноци на Тревис Баркер и Кортни Кардашијан кога се свршија, не пиеја многу крв, но дури беа слично облечени, само што пругите на неа беа похоризонтални.

Идниот пар наскоро ќе глуми заедно во филм. Филмот се вика Бик и започнува со продукција овие денови. И покрај сето ова, луѓето се уште се убедени дека оваа љубов има свој рок на траење и дека штом направат ваков огномет од ситници и состаноци, се ќе експлодира кога станува збор за развод.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1