ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 7:29 PM

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска и во цела грејна сезона, вели Ковачевски

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активирала сите механизми, и оти е обезбедено парно греење за скопјани.

-Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, стои во објавата на Ковачевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1