ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 4:14 PM

Оставиле бебе во кутија за јајца на -20! Тинејџери во Сибир го пронашле после три дена

На Божиќ, 7 јануари, пет тинејџери во Сибир, на температура од минус 20 степени целзиусови, во картонска кутија за јајца пронашле напуштено бебе.

Девојчето за кое се верува дека е старо три дена, пронајдено е на оддалечен пат во близина на селото Сосновка крај Новосибирск.

Родителите на еден од тинејџерите веднаш го однеле бебето во болница каде што било утврдено дека е во добра здравствена состојба.

Полицијата трага по мајката на детето и отвори истрага за обид за убиство на малолетна личност.

– Беше мрак, ги вклучиле телефоните за да видат што имало во кутијата. Внатре било девојче со ќебе налик на крпа и шише – рекол Дмитриј Литвинов, таткото на едно од децата кој ја повикал итната помош.

Дмитриј Литвинов и неговата сопруга Ана стравувале дека бебето старо три дена можело да премрзне и дека нема да преживее. По доаѓањето во болницата лекарот нежно и ги триел рацете и нозете за да ја загрее. Бебето поцрвенело и се утврдило дека е здраво, а подоцна било префрлено на детскиот оддел.

Брачната двојка Литвинов која има три сина, сака да го посвои детето, но мора да видат дали полицијата ќе ги пронајде биолошките родители. Засега не им е дозволено да ја видат, но тие секојдневно доаѓаат во болница и носат неопходни работи за девојчето.

Извор: Mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1