ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 3:26 PM

После смртта на синот се обидела да се убие? Пејачката Шинејд О’Конор се обвинува себеси за трагедијата

Пејачката Шинејд О’Конор неодамна го загуби својот син Шејн, а сега е примена во болница затоа што не можела да се избори со смртта на своето дете.

Нејзиниот син имал само 17 години, а трагично си го одзел сам животот додека Шинејд ја преземала целата вина врз себеси.

– Се одлучив да го следам мојот син. Нема смисла да живеам без него. Се што ќе допрам, го уништувам. Останав поради него, а сега си замина. Го уништив своето семејство, моите деца не сакаат да ме познаваат. Јас сум е…а личност. А вие мислите дека сум добра затоа што можам да пејам – напиша таа на својот налог на Твитер.

Во последниот твит таа жали што го кажала тоа пред своите фанови и што ги вознемирила сите.

– Сега сум со полицијата на пат кон болница. Изгубена сум без своето дете и се мразам себеси. Болницата ќе ми помогне некое време, но јас ќе го пронајдам Шејн, ова е само одложување – стои во последниот твит.

Нејзиниот син беше пронајден мртов на 7 јануари неколку дена откако беше пријавено дека исчезнал. Пејачката открила дека Шејн го планирал својот погреб  месец дена пред да се самоубие, а причина за тоа било нарушеното ментално здравје.

Извор: republika.rs

Фото: westtnewss.com/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1