ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 2:10 PM

РЕК Битола работи само со два блока, дефектот на третиот уште се санира, информира ЕСМ

„Во моментов РЕК Битола работи со два блока – Блок 1 и Блок 2. Трансформаторот на Блок 3 беше оштетен во пожар вечерта на 5 ноември минатата година и од тогаш во континуитет се преземаат активности за негова санација. Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од стручните лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет“, информираа од АД ЕСМ.
Додаваат дека намерите на лица кои не се информирани и инволвирани во напорите за санација на Блок 3, а  ги коментираат состојбите во Комбинатот, се несериозни и злонамерни и дека се надеваат оти тие ќе запрат.

Денеска, Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека, поправката Блокот 3 од технички аспект е дискутабилна и дека ваков дефект се санира повеќе од една година.

„Блок 3 најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за мгвч., а ќе ја продава за 41 евро по мгвч. универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време…Повеќе од јасно е дека СДСМ ја уништува енергетиката во Македонија, нема капацитет, нема идеја, нема решенија како да се справи со кризите кои што ги наметна во нашата држава“, рече тој.

Додаде дека, владата требала навреме да преземе мерки за набавка на евтин гас, и дека сега е неизвесно дали граѓаните ќе имаат греење. „Како што се неспособни и го загрозија греењето, така се неспособни и го загрозија снабдувањето со електрична енергија“, обвини Антовски.

М.Т.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1