ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 12:55 PM

Граѓаните од џеб платиле за 1,2 милиона тестови во приватни лаборатории, тестирањето треба да е бесплатно и да го плаќа државата, бара Левица

„Фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 ковид тестови граѓаните ги платиле на приватно. Еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија. А, кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе во предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално“, информира Левица со барање, спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, кое ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе се помогне за остварување на уставно загарантираното право на живот и на здравствена заштита на граѓаните.

Во нивното соопштение се вели дека, по примерот на бројни земји, државата треба целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники, барем во време на пандемијата.

„Претходниот владин состав покажал неумешност во справувањето со здравствената ковид криза и дека подолго време е евидентно оти лошото управување со здравствената криза го собира својот арач. Негативните последици од пандемијата веќе се чувствуваат во секоја општествена пора. Обичниот човек постојано осиромашува, додека приватните здравствени установи водени од домашната бизнис – елита, непрекинато профитираат. Од новиот владин состав решение или стратегиска визија нема ниту во најава“, стои во соопштението на Левица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1