ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/14/22 8:33 AM

Сончево и студено утро со -14 во Берово

Уште едно студено, зимско утро со температури под нулата и измерени -14 Берово, -12 Маврови Анови, -11 Крушево, 10 Крива Паланка, Битола, Прилеп, -9 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Виница, -8 Тетово, Претор, Струмица, Попова Шапка, -7 Скопје-Зајчев Рид, – 6 Охрид, -5 Куманово, -2 Дојран, Гевгелија. Во текот на ноќта беше ведро и студено, утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Измерена е снежна покривка од 54 сантиметри во  Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 12 Крушево, 10 Ѓуриште, 8 Пожаране, 5 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп.

За денеска од УХМР најавуваат сончево време, во североисточните делови преку денот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1