ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 8:38 PM

Ракометарите го стартуваа ЕП со пораз – Победата отиде кај Словенците

Македонската ракометна репрезентација го стартуваше Европското првенство во Дебрецин со пораз.

Иако младите избраници на Кирил Лазаров беа подобри на стартот, кога го изненадија ривалот и поведоа со 4:1, следеше серија од 6:0 на Словенија и нивна прва предност на натпреварот, по што следеа уте три наврати на кои имаме нерешен резултат.

Првиот дел заврши со 13:10, а во вториот иако бевме на само минус еден во последните десет минути, кога беше 23:22, Словенците издвојуваа победа од 27:25.

Кире Лазаров непосредно пред стартот на мечот со Словенија се повреди и сигурно ќе го пропушти цело Европско првенство.

Вториот натпревар на Европското првенство го играме в сабота, а наш противник ќе биде селекцијата на Црна Гора.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1