ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 7:47 PM

Ја сакав неа, сега ја пуштам – Се разведува актерот Џејсон Момоа кој се заљуби во сопругата на осум години

Актерот Џејсон Момоа стекна светска слава како владетелот на Дотра, кој се ожени со мајката на змејовите Денерис Таргариен во серијата „Игра на тронови“, а на социјалните мрежи објави дека се разведува од сопругата Лиза Бонет.

Љубовната приказна на Аквамен и 12-години постарата актерка започнала кога тој имал 8 години и ја видел во ТВ серија. Потоа и рекол на мајка си: „Јас ја сакам“, а потоа, неколку децении подоцна, со неа има две деца.

Момоа и Лиза сега во заедничка изјава открија дека се разведуваат.

„Сите го почувствувавме притисокот и промените што ги носат овие времиња. Револуцијата се случува и во нашето семејство – чувствата и растот за време на овие сеизмички промени се случуваат. Споделуваме со вас дека се разведуваме. Не објавуваме ова затоа што мислиме дека е ново, туку да продолжиме со почит и искреност. Љубовта меѓу нас продолжува, еволуира. Се пуштаме еден со друг за да дозволиме да бидеме тоа што ќе станеме. Нека преовладува љубовта, Џејсон и Лиза.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1