ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 5:50 PM

Утре „сонце со заби“ и температура до -13

Утре утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1