ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 4:50 PM

Беровец навлегол во трансакциска сметка на сограѓанин и незаконски извршил 23 трансакции

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Р.(25) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопштуваат од МВР.

Во временскиот период од 31.07.2021 до 17.08.2021 година, пријавениот неовластено навлегол во трансакциска сметка сопственост на лице од Берово и, искористувајќи ги нејзините податоци, во 23 наврати направил незаконски трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист 22.526 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1