ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 2:47 PM

Австралијците се најголеми пијаници во светот, секој е пијан по 27 пати годишно

Австралијците се прогласени за најголеми пијаници во светот, откако во 2020 година поминале повеќе време пијани за разлика од која било друга нација. Меѓународната анкета покажала дека Австралијците пиеле до степен на пијанство, во просек 27 пати годишно, што е речиси двојно повеќе од глобалниот просек од 15. Речиси четвртина од Австралијците изјавиле дека жалат што се опијаниле на кои пивото им е најомилениот избор за време на ковид пандемијата.
Ова го покажало спроведеното глобално истражување во кое учествувале 32.000 луѓе од 22 земји, на тема: Каква е нивната потрошувачка на дрога и алкохол минатата година.
Во просек, според статистичките податоци, Австралијците пиеле алкохол два дена во неделата, а биле многу пијани околу еднаш на секои две недели (повеќе од 2 пати месечно или околу 27 пати годишно).

Данска и Финска се веднаш зад Австралија, пијат околу три пати неделно. Австралијците, исто така, тројно го зголемиле итниот повик за пијанство (3,9 отсто во споредба со глобалниот просек од 1,2 отсто).
Извршната директорка на Фондацијата за истражување и едукација за алкохол рече дека статистиката е „загрижувачка“ и дека штотуку се појавува јасна слика за влијанието на штетното користење алкохол за време на пандемијата.
„Австралија е на врвот во светот и по бројот на пијани случаи и во барањето итна медицинска помош поради алкохол… И двата показатела покажуваат дека луѓето пијат на прилично ризично ниво“, рече таа.
Директорката вели дека продажбата на алкохол во домовите се зголемила за 3,3 милијарди долари во 2020 година – тренд што продолжи и во 2021 година.
Според фреквенцијата на пијанство, 10-те први земји во светот се: Австралија, Данска, Финска, САД, Велика Британија, Канада, Ирска, Франција, Шведска и Холандија.
После Австралијците, Данците и Финците поминувале најмногу време на прекумерно пиење, 23,8 пати годишно. На третото место се Американците, кои во 2020 година се опијаниле во просек 23 пати, а по нив следуваат Британците (22,5 пати).

извор: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1