ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 2:10 PM

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на средбата со Словенија во првото коло од Европското првенство.

Од присутните во Унгарија, во составот на „црвено-жолтите” ќе ги нема централниот бек Марко Митев и голманот Благојче Трајковски.

Лазаров кој е и капитен на националниот тим се одлучи за следниве играчи:
голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски
леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Горан Крстевски
пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски.

Почетокот на натпреварот во Дебрецин е закажан за 18 часот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1