ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 11:10 AM

Филмскиот продуцент Горјан Тозија почина на 68-годишна возраст

 

Филмскиот продуцент Горјан Тозија почина на 68-годишна возраст.

Тозија во својата богата кариера бил државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година директор на „Вардар филм”.

Во тој период во продукција на „Вардар филм” се сними филмовите „Пред дождот”, „Ангели на отпад”, „Преку езерото”, „Џипси меџик”, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец” и „Добредојде во Сараево”.

Неговите пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.

фото: ТВ24


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1