ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 10:27 AM

БЕГ кој доби владина помош, за пет години заработил 1,5 милиони евра

Македонската Влада одлучи да додели финансиска помош на компаниите кои ги греат скопјани со топлинска енергија и со пет милиони евра ќе ја субвенционираат разликата во цената. 80 отсто од тие пари, ќе заминат ка „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Групацијата БЕГ во својот состав има 3 компании и секоја од нив има посебна лиценца – за производство, за дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија.
Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги објави финансиските резултати на оваа групација за периодот 2016-2020 година:

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ: ДОБИВКА/ЗАГУБА ПО ГОДИНИ

(Во евра)

ГОДИНА ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП ДООЕЛ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ
2020 + 1.567.740 +   655.161 – 531.564
2019 –     601.998 -2.186.286 – 296.705
2018 – 2.260.272 –    489.809 + 768.885
2017 –    880.000 +1.005.849 +808.830
2016 +2.121.527 +1.451.380 + 113.946
Кумулативно –       53.003 +   436.295 + 863.392

 

Од финансиските резултати може да се види дека за 5 години, компанијата што се занимава со производство остварила кумулативна загуба од околу 53.000 евра, но компаниите за дистрибуција и за снабдување заедно донеле кумулативна добивка од околу 1,3 милиони евра.

Инаку, покрај овие три компании во рамките на БЕГ групацијата постои и компанијата „Балкан енерџи секјурити“ ДООЕЛ Скопје која е наменета за обезбедување на енергетски капацитети.

„Балкан енерџи груп“ е сестринска фирма  на Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, кое поседува и управува со постројка со среден годишен капацитет од  220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија. Со контраверзии во јавноста беше дочекана владината одлука во 2019 година, финансиски да се поддржи оваа компанија.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-otkriva-kolku-beg-zarabotuvase/

 

Извор: pari.com.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1