ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 8:55 AM

Ракометарите во 18 часот го играат првиот меч на ЕП, навивачите пристигнаа во Дебрецин

Машката ракометна репрезентација денеска во 18 часот со Словенија го игра првиот натпревар од Европското првенство. Пренос ќе врши националниот сервис, МТВ.  Добрата вест е што на задолжителното тестирање на Ковид 19  вчера, немаше нови позитивни случаи на корона вирусот во македонската репрезентација. Во Унгарија се повеќе групи на навивачи од повеќе градови на Македонија, кои ќе ги бодрат нашите ракометари од трибините.

Европското првенство во ракомет за мажи 2022 година ќе биде 15-то издание на турнирот, второ на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, и седмо за македонската репрезентација. Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка. Македонија обезбеди место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска. Македонските ракометари ќе играат во групата во Дебрецин, Унгарија.

По вечерашниот меч со Словенија, по два дена (15 јануари) во исто време решрезентативците играат со Црна Гора, додека, на 17 јануари од 20:30 часот силите ќе си ги одмерат со Данска.

Ракометната репрезентација на Македонија досега учествувала на вкупно шест Европски првенства и тоа во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија, Норвешка, Шведска (2020).

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1