ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/13/22 8:25 AM

Најстудено утро од почетокот на зимата со -16 на Шапка

Највисока снежна покривка од 68 сантиметри, но и најниска температура од -16 степени се  измерени ова утро на Попова Шапка. Измерени се -12 во Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, Битола, -5 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, -4 Скопје – Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран -2 Гевгелија.

Снежната покривка е 17 сантиметри во Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп.

Според УХМР, денеска се очекува сончево и студено, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1