ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 9:56 PM

Саудиски Ал Наср нуди 3,5 милиони евра за Столе Димитриевски

Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано сака да го задржи Столе Димитриевски во своите редови и не води преговори за негов трансфер во Барселона, а на адреса на мадридскиот клуб за услугите на македонскиот репрезентативен голман е пристигната понуда вредна 3,5 милиони евра од саудискиот прволигаш Ал Наср.

Ова вечерва на својот Твитер профил го објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер пазарот Фабрицио Романо.

 

Според истиот извор, Рајо Ваљекано настојува да го задржи македонскиот голман во своите редови и засега не е постигнат договор со Ал Наср, ниту пак се водат преговори со Барселона.

Повеќе шпански медиуми изминатиов период објавија дека Барселона е заинтересирана да го донесе Димитриевски во своите редови во јануарскиот преоден рок.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1