ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 8:36 PM

Одбиена тужбата на Цеца против Карлеуша – Треба да и плати голема сума пари, а Карлеуша приложи и докази

Не стивнува бурата на јавната сцена предизвикана од настаните во семејната куќа Карлеуша-Тошиќ, а популарната пејачка не престанува да се пресметува со медиумите тврдејќи дека напишаните текстови се лажни, а нивната содржина го напаѓа нејзиното семејство.

Но, и овојпат Јелена не ја исклучи од скандалот својата вечна ривалка Светлана Ражнатовиќ. Карлеуша се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде презентираше докази дека тужбата на Цеца против неа е одбиена, а фолк дивата е должна да и ги надомести судските трошоци во износ од 109.500,00 динари.

– Светлана Ражнатовиќ за да стане жртва во очите на јавноста ме тужеше, а потоа ме понижуваше и навредуваше и во судницата каде вербално ме нападна, па реагираше судското обезбедување, а пред судницата каде продолжи да ме навредува, на насобраните новинари кои уредно ги покануваше на секое рочиште – истакна пејачката и додаде:

– Сепак, ова е правна држава. Нејзината тужба беше одбиена и таа мора да ми ги плати трошоците, како што гледате. Мене искрено ми е полн со к * рац веќе да се борам сама, што немам кој да ме заштити, што лошите момци постојано ме напаѓаат, дека немам мир. Мојот живот помина во пеколот и пеколот како што гледате не запира. Сакам да правам големи концерти, албуми, да не ми се одзема вака силата и фокусот – нагласи Јелена Карлеуша со заклучокот:

– Уште една победа!

Да потсетиме, пејачката на 7 јануари на Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ во полиција, тврдејќи дека тој ја плукнал и ја удрил во лице. На познатиот фудбалер изречена му е итна мерка забрана за приближување на Јелена во траење од 48 часа, која во неделата е продолжена на уште 30 дена.

Извор: Србијаданас.ком

Фото: belgrademusic/Pink


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1