ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 6:49 PM

Од пеколот со дрога заврши во затворска болница – Ќерката на српскиот актер помина низ хорор, а денес е професорка на факултет

Леана Вучковиќ, миленичката на познатиот актер Аљоша Вучковиќ во 1990 година, беше една од најталентираните актерки во класата на Предраг Бајчетиќ, заедно со Слобода Мицаловиќ, Ана Франиќ и Катарина Радивојевиќ. Но, ќерката на Аљоша Вучковиќ на почетокот на кариерата скршна од вистинскиот пат и се најде во светот на наркотиците.

Очајните родители дадоа се од себе за да и помогнат на миленичката, но нивните борби не вродија со плод. Со одлука на судот Леана е доведена на задолжително лекување од тешка форма на зависност.

– Она што можам да го кажам е дека мојата ќерка не е во затвор, туку на затворено лекување. Сметам дека сите луѓе треба да остават поединците и нивните најблиски сами и на најдобар начин да си ги решаваат проблемите – рече тој во една прилика за медиумите.

Денес, за среќа на нејзините родители, Леана ја надмина зависноста, предава како професор на Универзитетот Џон Несбит и се исполни во најважната улога во нејзиниот живот – улогата на мајка.

Извор: Еспресо.ко.рс

Фото:Дамир Дервишагиќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1