ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 3:53 PM

Бил Гејтс со нова прогноза за иднината на пандемијата: Дали доаѓа крајот на коронавирусот?

Основачот на компанијата Мајкрософт, мултимилијардерот Бил Гејтс повторно го коментираше коронавирусот и даде уште една прогноза која се однесува на прашањето кога можеме да очекуваме крај на пандемијата.

Во дискусијата која се одвиваше на социјалната мрежа Твитер, Гејтс одговараше на многу прашања меѓу кои и оние за новата мутација – омикрон.

„Постои веројатност дека ќе мора да се вакцинираме секоја година“, предупреди Гејтс.

Но, неговата прогноза вели дека ковидот наскоро ќе го третираме како обичен грип.

„Омикрон е голем предизвик за здравствените системи ширум светот, а најтешките случаи на зараза со омикрон ќе се развијат кај луѓето кои не се вакцинирани. Меѓутоа добра работа е што омикрон ќе создаде имунитет кај поголемиот дел од луѓето, а малку е веројатно дека ќе се појави нова варијанта. Она што се случува сега е дека вакцинираните луѓе се заразуваат со нови и посилни варијанти на ковид. Новите вакцини кои ќе се создадат би требало да ја спречат инфекцијата и да осигураат повеќе годишен имунитет“, порача еден од најозлогласените личности во светот откако почна пандемијата со корона.

Извор: Nova.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1