ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 3:09 PM

Нови 1.822 случаи со ковид-19, 668 оздравени, починаа тројца пациенти

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а се регистрирани 1.822 нови случаи со ковид-19. Тројца починале, има 668 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените, од Скопје се 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар – 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 173 реинфекции.
Од тројцата починати, двајца се од Делчево (70г и 77г) и еден е од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Од 668 оздравени пациенти, од Скопје се 406, Охрид – 43, Битола – 37, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Струмица – 25, Куманово и Велес – по 14, Гевгелија – 11, Штип – 7, Радовиш, Неготино и Ресен – по 6, Кичево и Струга – по 5, Делчево – 4, Кочани и Берово – по 3, Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се четири лица, по едно од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022г. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години и сите починале во домашни услови.
Досега во земјата се направени 1.679.890 тестирања, вупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а на активни случаи изнесува 13.478.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1