ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 2:28 PM

Германија има најстроги ковид мерки според Индексот на Оксфорд Универзитетот

Индексот за строгост на Ковид Универзитетот Оксфорд покажува дека Германија ги има најстрогите мерки против пандемијата во светот. „Германија има најстроги мерки против короната во светот“,  нагласи премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф на прес-конференција минатата недела, потсетува Дојче веле. Ова постојано се тврди и во разни онлајн дискусии. Често цитиран извор е Индексот на строгост на Ковид на Универзитетот Оксфорд, кој има за цел да го претстави владиниот одговор и сериозноста на мерките на меѓународно ниво.

За таа цел се собираат податоци од различни земји, се подредуваат по категории и се оценуваат. Ова резултира со систем на поени кој се движи од нула (што значи без мерки) до 100.
На 31 декември 2021 година, Германија доби повеќе од 84 поени – што ја прави прва во светот. Таа е, на пример, пред Кина. Според информациите, високиот број бодови донеле некои мерки, како што се затворањето на училиштата, ограничувањата на јавниот превоз, затворените продавници и обврската за носење маска при учество во делови од јавниот живот.
Но, огромно мнозинство училишта во Германија не се затворени. Продавниците, рестораните, баровите, музеите и културните институции сè уште се отворени – за разлика од затворањето на почетокот на пандемијата. Сепак, сегашните мерки во индексот се построго оценети од оние во пролетта 2020 или 2021 година:
Германија, наводно, има многу построги правила во последните недели од Холандија, каде што беше воведено заклучување низ целата земја во средината на декември. И покрај тоа, Холандија доби „само“ 64 поени – 20 поени помалку од Германија.
Но, мерките многу варираат во Германија, поради нејзиниот федерален систем има изразени разлики во покраините. Сепак, индексот секогаш ги зема предвид најстрогите регионални мерки – дури и ако тие се однесуваат само на неколку области. Проектниот менаџер Томас Хејл го потврдува ова на барање на порталот tagesschau.de: „Ако само една сојузна покраина во Германија воведе најстроги прописи, но остатокот од земјата нема слични мерки, ги евидентираме најстрогите прописи и ги додаваме со соодветна ознака“.

извор: Indeks.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1