ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 12:44 PM

Со спиење од 7 до 9 часа до посилно срце и подобар имунитет

Спиењето е неопходно за правилно функционирање и на телото и на умот. Всушност, сонот е исто толку важен како и врамнотежената исхрана и вежбање. Иако е индивидуално колку сон ни треба, се проценува дека возрасните треба да спијат од 7 до 9 часа за да функционираат правилно. Сепак, ние ретко се придржуваме до ова правило. Зошто сонот ни е неопходен?

Одржување на тежината
Луѓето кои спијат помалку од 7 часа навечер, се повеќе склони кон дебелеење, покажа истражувањето. Ризикот од дебелина кај луѓето кои малку спијат е неверојатни 41 отсто. Во исто време, луѓето кои спијат повеќе го немаат овој ризик. Причините поради кои се дебелееме кога не спиеме се бројни, а нерамнотежата на хормоните, недостигот на енергија и мотивација за вежбање и потребата од повеќе храна и слатки се само некои од нив.
Концентрација и фокус
Научните истражувања покажаа дека добриот сон ги подобрува перформансите кај децата и адолесцентите, помага во решавањето на проблемите и ја подобрува меморијата и кај децата и кај возрасните.
Посилно срце
Луѓето кои спијат помалку од 7 часа имаат 13 отсто поголеми шанси да добијат срцев удар. Оваа навика го зголемува и ризикот од висок крвен притисок. Затоа, доволно сон го зајакнува и штити нашето срце.
Ризик од дијабетес 2
Недостигот на сон е поврзан со ризикот од развој на дијабетес тип 2. Имено, кога малку спиеме, влијаеме на нерамнотежа на хормоните на гладот, што доведува до зголемен апетит. Затоа, ризикуваме да развиеме дијабетес тип 2.
Депресија
Менталните нарушувања, како што се депресијата и анксиозноста, се поврзани со лошиот квалитет на спиењето.
Силен имунолошки систем
Истражувањата покажаа дека добриот сон ја подобрува реакцијата на телото на многу болести. Исто така, докажано е дека луѓето кои спијат само 5 часа имаат 4,5 пати поголеми шанси да добијат грип или да настинат. Лошиот квалитет на сонот влијае и на зголемените воспалителни процеси во нашето тело, а може да развиеме и хронични болести како срцеви заболувања, Алцхајмер…

извор: lepotaizdravlje.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1