ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 11:21 AM

Во Канада посебен данок за невакцинираните, во Манила не смеат да користат јавен превоз

Властите во канадската провинција Квебек синоќа соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес”, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19.

– Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против коронавирусот бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани, рече премиерот на покраината, Франсоа Лего.

Лего додаде десет отсто од граѓаните на Квебек не примиле вакцина и нагласи дека останатите 90 отсто вакцинирани не треба да страдаат поради нив. Според него, тие десет проценти невакцинирани возрасни лица претставуваат 50 проценти од луѓето на одделенијата за интензивна нега во болниците.

Во Квебек, кој има околу осум милиони жители, во моментов се хоспитализирани вкупно 2.742 лица, а околу 255 луѓе се на одделенијата за интензивна нега.

Филипинските власти одлучија сите жители на главниот град Манила, кои не се вакцинирани против Ковид-19, да немаат право да користат јавен превоз, јави ДПА.

Таа одлука е донесена во време кога се зголемува бројот на новозаразени со варијантата Омикрон.

Во Манила и околните области има околу 13 милиони жители.

Согласно одлуката, доколку некој сака да купи билет за градски превоз, лицето ќе треба да покаже сертификат за вакцинација и документ за да го докаже својот идентитет. Исклучок се само оние лица, кои поради здравствени причини не се вакцинирани.

Претседателот Родриго Дутерте неодамна нареди апсењ на сите невакцинирани граѓани кои ги напуштаат своите домови без оправдана причина.

Според податоците од вчера, на Филипините вакцинирани се околу 53 милиони луѓе – повеќе од 48 отсто од 110-милионското население на земјата.

Од почетокот на пандемијата, регистрираните инфекции надминаа три милиони луѓе. Вчера здравствените власти соопштија дека има 28.000 новозаразени со коронавирус.

МИА

фото: globalnews.ca/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1