ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 11:58 AM

Рекордни два тона марихуана од Јужна Африка директно во Скопје, пратката била за медицински цели

Пратка од 2.125 килограми марихуана на 25 декември 2021 е испратена од Јоханесбург во Скопје на 25 декември. „Рекордна пратка марихуана за медицинска употреба меѓу двете земји е испорачана од Јужна Африка во Северна Македонија, соопшти американско-канадската компанија „Инстадоз фарма корп“. Oсновачот и извршен директор на оваа компанија, Грант Сандерс, изјави дека неговата визија отсекогаш била таква и дека е „многу возбуден за важноста на пратката и за она што допрва доаѓа“, пишува Еспресо.рс.

„Инстадоз“ наведува дека оваа марихуана за медицински цели била наменета за Западна Европа, каде што е веќе испорачана, а во Северна Македонија е извезена согласно дозволата издадена во ноември. Се додава дека компанијата има соработка со лиценцирана компанија во Северна Македонија, а има и филијали во ДР Конго, Португалија, Индија, Канада, Колумбија и Мексико.

„Ова е историска испорака и е само почеток на потенцијалот на „Инстадоз Фарма“. Испораката го потврдува и нашиот бизнис модел и компанијата како светски лидер во индустријата“, се вели во соопштението.

Фото: Инстадоз Фарма корпорејшн

Комисијата за хартии од вредност на Онтарио (ОСЦ) минатото лето објави дека Грант Фердинанд Сандерс од Бурлингтон, Онтарио, е обвинет кривично за измама, како претседател и главен извршен директор на Instadose Pharma Corp. (поранешна Excellence Health Group).

„Фирмата е лиценцирана за одгледувач на медицински канабис од јули 2017 година и собрала повеќе од 9,4 милиони долари од инвеститорит. OSC тврди дека средствата од инвеститорите биле пренасочени во корист на Сандерс, неговото семејство и соработниците со што материјално погрешно ја претставил природата на бизнисот на компанијата“, стои во соопштението на официјалната интернет страна на ОСЦ.

Извор: Espreso.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1