ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 10:49 AM

Ширењето на Омикрон е на пат кон нагло паѓање, тврдат експерти од Британија и САД

Научници гледаат знаци дека алармантниот бран на Омикрон можеби го достигнал својот врв во Британија и САД, по што бројот на новозаразени може да почне нагло да опаѓа.

Причината за ова е што Омикрон станал толку многу заразен што можеби нема повеќе луѓе низ кои не поминал, само месец и половина откако беше откриен во Јужна Африка. Неговата распространетост „може да се намали исто толку брзо како што расте”, изјави истражувачот Али Мокдад од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Во исто време, експертите предупредуваат дека сè уште постои голема неизвесност за тоа како би се развивала следната фаза од пандемијата. Според Универзитетот Вашингтон, бројот на дневни пријавени случаи во САД ќе достигне врв од 1,2 милиони до 19 јануари, а потоа драстично ќе падне, „едноставно затоа што секој што може да биде заразен ќе биде заразен”, рече Мокдад.

Тој додаде дека, според проценките на универзитетот, реалниот број на нови дневни случаи во САД, вклучително и луѓе кои не биле тестирани, веќе го достигнала врвот – шест милиони на 6 јануари.

Во Велика Британија, владините бројки покажуваат дека новите инфекции паднале на околу 140.000 дневно минатата недела, откако надминале 200.000 еден ден претходно овој месец.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1