ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 10:13 AM

Донесена е Програма за задолжителна имунизација, а не за вакцинација против ковид-19

Во државава секоја година владините министри донесуваат посебна програма за имунизација на младото население, па така и овој пат. Но, повеќе онлајн медиуми оваа најава за владината одлука, ја пренесоа како „задолжитена вакцинација“, по што голем број граѓани ги „запалија“ социјалните мрежи со негативни коментари декас никој нема право на сила да ги натера да се вакцинираат против ковид-19.

Реално, Владата на последната седница ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението за 2022 година која се носи на почетокот на секоја година и која ја опфаќа вакцинацијата на лица на одредена возраст, континуирано и во текот на целата година.
Според владиниот извештај, со оваа Програма се предвидува вакцинација на одредена возраст според Календарот за имунизација против: акутен вирусен хепатит Б , туберкулоза, заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, заразни заушки, рубеола и инфекции предизвикани од хуман папилома вируси, од ротавируси и од Streptococcus pneumoniae.
„Во Програмата е приложен Календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година, како и планот за обезбедување годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации, се наведува во соопштението од денешната владина седница.

Повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден превртено ја пренесоа најавата за владината седница, и наместо акцентот да се стави на имунизација, во своите наслови пишаа дека Владата ќе донесе одлука за задолжителна вакцинација, иако во текстот не стануваше збор за такво нешто. Од граѓаните, научени да го следат само насловот, а не и содржината на објавите, следеа лавина  коментари на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден, во смисла дека не може на сила да се натераат на вакцинација против ковид-19, односно дека вакцинацијата е право на слободен избор. А, имаше и доста погрдни зборови упатени кон владата.

М.Т.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1