ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/12/22 8:51 AM

И по 14 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце роднините на загинатите со прашања до надлежните

Со положување цвеќе на спомен-обележјето во катлановско Блаце, денеска ќе бидат одбележани 14 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот Винг на Армијата.

Армиски хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 14 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на  само 50-ина метри од последните куќи во селото. Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Роднините на загинатите со години бараат нова истрага, откако Државната комисија во извештајот наведе пет причини кои придонеле за несреќата – неповолни временски услови, непочитување на процедурите, неисправност на инструменти во хеликоптерот, пропусти во обуката на пилотите за инструментално летање и недисциплинираност на екипажот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1