ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 11:18 PM

Поранешната порно актерка едвај оди – Боледува од ретка болест која предизвикува парализа

Поранешната порно актерка Џена Џејмисон откри дека боледува од полиневритис или Џулиен-Бареов синдром, ретко невролошко нарушување во кое имунолошкиот систем ги оштетува нервните клетки на сопственото тело, што може да доведе до болка, вкочанетост, па дури и парализа.

Партнерот на 47-годишната актерка Лиор Битон на Инстаграм објави дека Џена е во болница бидејќи „не се чувствува добро“, а состојбата и се влошила до таа мера што не можела ни да оди. Беше објавено и дека не била вакцинирана против корона, како и дека тоа не е реакција на вакцината.

– Еј луѓе, пред се сакам да им се заблагодарам на сите за љубовта и поддршката што ми ја испративте во пораките. Ве видов сите и го ценам тоа. Лекарите се сомневаат дека се работи за Џулиен-Бареов синдром и почнале со терапија. Моментално сум во болница и ќе останам таму додека не заврши терапијата. Се надевам дека наскоро ќе си одам дома. П.С. Не сум вакцинирана против корона или нешто друго. Ова НЕ е реакција на вакцината. Ви благодариме за грижата – напиша Џена во описот на фотографијата објавена од болница.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

После тоа, нејзиниот партнер ја презеде контролата над нејзиниот Инстаграм профил и ги информираше своите фанови како се чувствува Џена. Рекол дека „повраќала неколку недели“ и дека ја испратиле дома додека ги чекала резултатите од скенерот. Тогаш нејзината состојба се влоши.

– Дојде дома и не можеше да оди. Мускулите на нозете и беа многу слаби, па не можеше да оди до бањата. Таа падна на подот, па морав да ја земам и да ја однесам во кревет. А потоа во период од два дена и стана уште полоша, и откажаа нозете и повеќе не можеше да оди – изјавил нејзиниот партнер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

Ја однел назад во болница каде што и била направена магнетна резонанца, а сега ги чекаат упатствата на лекарите.

Извор: Информер.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1