ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 11:08 PM

Не сме сигурни дека четвртата доза на вакцина е потребна, велат од ЕМА

Иако коронавирусот се уште е во фаза на пандемија, ширењето на сојот омикрон ќе го претвори вирусот во ендемична болест со која човештвото може да научи да живее, објави вечерва Европската агенција за лекови (ЕМА).

Агенцијата изрази сомневање за употребата на четвртата доза од вакцината, додавајќи дека инјектирањето повторени дози не е „одржлива“ стратегија.

„Никој не знае точно кога ќе бидеме на крајот од тунелот, но ќе стигнеме таму“, рече претставникот на агенцијата Марко Кавалери, додавајќи дека со зголемена имунизација и природен имунитет, коронавирусот полека ќе се движи кон ендемична болест.

Според него, не смееме да заборавиме дека коронавирусот се уште е во фаза на пандемија.

Светската здравствена организација (СЗО) од своја страна соопшти дека е рано да се означи корона вирусот како ендемично заболување, како што е случајот со грипот.

Според СЗО, повеќе од половина од населението во Европа би можело да биде заразено со омикрон во следните два месеци.

СЗО, исто така, оцени дека борбата против пандемијата на коронавирус, со помош на дополнителни дози од сегашните вакцини, не е одржлива стратегија.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1