ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 7:14 PM

Бугарскиот премиер Петков во вторник доаѓа во Скопје

По денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, констатирано е дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од Владиниот кабинет на Премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

Од таму информираат дека терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1