ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 6:31 PM

Ако секогаш ви се јаде благо, значи ви недостасува еден суплимент – Како да го одржувате шеќерот под контрола

Ако вашите новогодишни одлуки вклучуваат намалување на потрошувачката на слатки, веројатно нема да стигнете далеку ако си кажете да не ги јадете. Ако јадете премногу шеќер, тоа би можело негативно да влијае на вашето расположение и кожа, а освен тоа, премногу шеќер поттикнува појава на одредени болести.

Сега, новите докази сугерираат дека одредени додатоци може да помогнат. Конкретно, истражувачите откриле дека дополнувањето на исхраната со пребиотски галактоолигосахариди (ГОС) може значително да го намали внесот на шеќер кај жените.

Накратко и поедноставно, пребиотиците се супстанции (најчесто несварени честички од храна) кои ја поттикнуваат работата на корисните бактерии во цревата.

Галактолигосахаридите се дел од функционална диета. Станува збор за диета, поточно придржување, која може значително да го подобри здравјето и изгледот на ноктите, косата и кожата. ГОС се многу корисни материи за човечкото тело. Нивните корисни ефекти ги чувствуваат повеќето органи и системи.

Во една студија објавена во списанието „Nutrients“, истражувачите од Универзитетот во Сари во Англија набљудувале група од околу 50 млади жени на возраст меѓу 18 и 25 години во период од четири недели, од кои половина ги добивале овие додатоци дневно. Оние кои земале суплементи добивале 4,1% помалку енергија од шеќерот и 4,3% помалку од јаглехидратите.

Истражувачите тврдат дека овие додатоци се справуваат со основната причина за прекумерното консумирање шеќер, а во април објавија студија која откри докази дека суплементите можат да помогнат при анксиозноста кај младите жени.

Ако не сте сигурни, секогаш можете да следите други испробани совети за намалување на шеќерот, како што се почесто готвење дома, задржување на хидратацијата и избегнување преработено месо. Може да размислите и за преобликување на вашата вообичаена исхрана – наместо да се фокусирате на храната што сакате да ја елиминирате, размислете каква здрава храна сакате да ја додадете во вашата исхрана.

Извор: Србијаданас.ком

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1