ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 6:08 PM

Седум лица починаа како последица на Ковид-19, регистрирани 1.964 нови случаи

Од вкупно направени 7.724 тестови во последните 24 часа се регистрирани 1.964 нови случаи на КОВИД-19. Починати се седум пациенти, сите во болнички услови. Поради технички проблем во системот „Мој термин“ во текот на денешниот ден не се евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.

Како што информира Министерството за здравство, од вкупно 1.964 нови случаи на КОВИД-19, најмногу има во Скопје – 1070. Потоа следуваат Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по  – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево  по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.

Од седумте починати лица, две починати лица се од Скопје (82г и 87г), две починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се шест лица, две починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените три лица се починати во болнички услови и три во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1