ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 5:40 PM

Земјотрес од 4,5 степени повторно ја стресе Битола

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,5 степени регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево во 16.14 часот во Грција.

Епицентарот на земјотресот е во пограничното подрачје Битола – Лерин, на 120 километри јужно од Скопје.

– Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почувствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1