ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 5:10 PM

Владата ќе покрие 80 % од разликата во цената за топлинска енергија, граѓаните нема да добијат повисоки сметки, вети Бектеши

После консултацииите со енергетските компании кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија се разгледани неколку предлози за надминување на актуелната состојба за која на денешната прес конференција информираа министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимовски.

-Владата во координација со сите надлежни институции им предожи на компаниите кои имаат лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, разликата од актиелната до реалната цена на топлинска енергија да ја покрие Владата во висина од 80 %, а останатите 20 % ги повикуваме да ги покрие Град Скопје и општините во Градот Скопје. Владата средствата ќе ги уплати до БЕГ, каде што тие ќе имаат обврска да ги намалат сметките на потрошувачите, рече Бектеши.

Министерот Бектеши го повика Град Скопје, како и општините во Градот Скопје да се вклучат во поддршка на корисниците на топлинска енергија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1