ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 4:52 PM

Владата го разреши Бучковски од позицијата специјален претставник за Бугарија

Само еден месец откако беше продолжен мандатот на Владо Бучковски на позицијата специјален претставник за Бугарија, Владата на денешната седница го разреши.

Оценката е дека со новиот пристап, Министерствата за надворешни работи на двете земји преговорите ќе ги водат преку пет работни групи, поради што нема потреба од специјален претставник.

Од Влада потврдуваат дека на денешната седница е разрешен д-р Владо Бучковски од позицијата Специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија.

-Владата му благодари на Бучковски за сите ангажмани и напори со кои придонесе кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу Северна Македонија и Бугарија во време на предизвици кои подразбираа потреба од мудар, трпелив и посветен однос кон барањето решенија. Се очекува, согласно разговорите меѓу премиерите на двете држави и меѓу мандатарот за премиер Ковачевски и премиерот на Бугарија Петков, двајцата нови премиери согласно заеднички утврдена методологија да ги утврдат начините, ресурсите и чекорите кон конечно решавање на отворените прашања, потпирајќи се на условите и успесите постигнати од сите чинители во досегашните процеси, информираат од Влада.

Бучковски беше поставен на позицијата во 2020 година, а мандатот му беше продолжен на 30 ноември 2021 година.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков уште со преземањето на функцијата го најави тој нов пристап преку формирање на 5 работни групи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1