ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 4:16 PM

„Знам со кого е сега твојот маж“ – Сопругата на Макрон добила повик од човек кој тврди дека претседателот имал геј афера

И покрај безбедносните проверки, сопругата на Емануел Макрон добила повик од непознат маж во кој тој тврди дека претседателот на Франција имал геј љубовник.

Првата дама на Франција Брижит Макрон (68) примила анонимен повик во кој се наведува дека нејзиниот сопруг бил со геј маж, пренесе Дејли Мејл..

„Знам дека твојот сопруг е во моментов е со друг маж“, рекол наводно анонимниот јавувач.

Претседателската двојка често ја следат скандалозни гласини за нивниот приватен живот вклучувајќи ги и тврдењата дека госпоѓа Макрон е всушност родена како маж. Парот се сретнал првпат во 1993 годинс кога претседателот Макрон, кој тогаш имал 15 години, влегол на час по книжевност кај Брижит (39) во средно училиште во Амијен во Франција. Брижит подоцна се развела од својот сопруг со кого има три деца, па се омажила за Макрон кој е 24 години помлад од неа.

Сенаторот Франсоа Патријат, член на партијата на Макрон „Ен Марш“ потврфи дека госпоѓа Макрон била вознемирена од повикот и им рекла на пријателите: „Дали сфаќате што се осудуваат да кажат? Нема да бидеме поштедени од ништо“, изјавила таа.

Извор: Mondo.rs

фото: hwww.tatler.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1