ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 3:32 PM

Смирете ја кашлицата со облога од листови зелка и мед

Кога кашламе, телото не предупредува дека нешто не е во ред. Причините за кашлицата можат да бидат многубројни – од настинки, алергии и астма, до чад од тутун… Иако е неопходна посетата на лекар, народните лекови можат да ја ублажат непријатноста. Облогата од зелка и мед нема нуспојави, па може да се се користи и за најмладите членови на семејството. Лесно се подготвува, а можете да ја користите по напад на кашлица, а пожелно е и секоја вечер пред спиење.
Потребна ви е еден лист од зелка и мед. Листот зелка ставете го во зовриена вода додека не стане мек и топол, а потоа од едната страна намачкајте со мед. Ставете ја страната каде што е медот на градите на пациентот, па најлонска кеса, а преку неа крпа. Постапката треба да се повтори пет до седум пати во текот на денот, пред спиење.
Активните состојки на медот и на зелката, како и топлината, придонесуваат за намалување на кашлицата и исчезнување на воспалителниот процес.
Облогите на листови од зелка се многу ефикасни во лекувањето на разни болести, како што се: отоци, гребаници на кожата, гноен осип на телото…, а медот е познат како едно од најголемите богатства на природата поради неговите лековити својства.

извор: alo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1