ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 2:18 PM

Кога ќе станам премиер ќе ја поништам набавката на кујнскиот прибор ако имало несоодветка постапка, најави мандатарот Димитар Ковачевски

По објавата на ММС дека новиот премиер во владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство и дека службата за општи и заеднички работи врши јавна набавка на потрошен кујнски материјал за потребите на сите државни институции, мандатарот Димитар Ковачевски најави дека ќе ја разгледа таа набавка откако ќе стане претседател на владата.

– Немам детали за таа набавка затоа што не сум на позиција во владата. Но, кога ќе станам претседател на владата, ќе се информирам за таа набавка и доколку јавната набавка не е во обем или во постапка која не е соодветна на очекувањата на владата, јас ќе ја поништам – рече тој при предавањето на предлогот за состав на новата влада која треба да биде изгласана најдоцна до викендов.

ММС објави дека СОЗР врши јавна набавка за 37.000 евра на: висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

„Со оглед на високата фреквенција и високото нивото на странски делегации и посети во земјава, поцелисходно и порационално е да се набават 30 парчиња прибор за јадење за високи странски делегации, за посети на претседатели, премиери и други високи гости на држави и со тоа услугата да се извршува на соодветно и квалитетно ниво колку може почесто во објектите на СОЗР односно Владата, отколку при секоја странска делегација да се плаќаат високи сметки во скапи и луксузни приватни ресторани“, појаснија од Владата за ММС.

За прибор за угостителство ќе плати над 17.000 евра. Така за само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи бара 30 парчиња само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини неверојатни 639 денари  или 10,4 евра за парче.

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1