ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 1:29 PM

Македонија без Никола Митревски во Дебрецин кој е позитивен на ковид- Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои предмалку со чартер-лет од скопскиот аеродром тргнаа на Европското првенство во унгарски Дебрецин.

Списокот со играчи се промени откако четворица ракометари испаднаа позитивни на ковид на последните тестови вчера. Позитивни на вчерашниот тест биле Никола Митревски, Марко Кизиќ, Гоце Ојлески, Михајло Младеновиќ и кондицискиот тренер Петар Баснарков.

На списокот на Лазаров се најдоа:

голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски

леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,

леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски

централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски

пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски

десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1