ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 1:04 PM

Енергетската криза ќе биде приоритет на новата влада, рече мандатарот Ковачевски

Справување со енергетската криза, подобрување на животниот стандард и реализирање на инфраструктурните решенија ќе бидат први приоритети на новата влада. Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, го достави Предлогот за нов состав и програмата на новата влада на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– Прв приоритет на Владата ќе биде справување со енергетската криза во државата која што е европска енергетска криза. Втор приоритет е задржување на животниот стандард на граѓаните и на компаниите во светло на економската криза која што произлегува од енергетската криза и трето е исполнување на целите во однос на големите инфраструктурни проекти коишто се одобрени во Буџетот за 2022 година, рече мандатарот и претседател на СДСМ, Ковачевски.

Во врска со имињата кои вчера ги соопшти СДСМ и Ковачевски, тој рече дека ресорите се бирани според капацитетот на индивидуалците и капацитетот на партијата.

– Предлогот беше таков, некои министри да одат од еден ресор во друг затоа што се покажале ефикасни во одредено министерство. Во однос на одредени решенија, некои министри останаа во своите ресори поради зголемувањето на перформансите на министерствата, го подигнале стандардот на работење и ги реализирале капителните проекти кои им биле планирани за 2021 година – рече Ковачевски.

Додаде дека очекува новата Влада да биде изгласана на 16, пред 24 часот, и таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.

О.К.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1