ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 10:31 AM

(Видео) Хорор во Ново Мексико-Новороденчето го завиткала во црна кеса и го фрлила во контејнер-камерите ја снимиле

Тинејџерката Алексис Авила (18) од Ново Мексико е фатена на камера како го фрла своето новороденче завиткако во црна кеса во контејнер. Околу 14 часот е забележана како пристигнува со кола до контејнер на улицата Норт Торп во Хобс. На видеото се гледа како таа извлекува црна кеса за ѓубре од автомобилот и ја фрла во контејнер, се вели во соопштението на полициската управа Хобс.

Шест часа подоцна, тројца луѓе кои пребарувале низ ѓубрето, ја извадиле кесата и го пронашле бебето. Жената брзо го завиткала новороденчето и го однела до камионот кај мажот кој бил со неа и повикале полиција.

По пристигнувањето, службениците му пружиле помош на новороденото дете кое со возило на брза помош било пренесено во локалната болница, а подоцна и во болницата во Лубок на понатамошно педијатриско лекување – се наведува во соопштението на полицијата.

Бебето моментално е во стабилна состојба.
Полицијата соопшти дека успеала да ја земе снимката од надзорната камера и на тој начин го лоцирала возилото на Авила. Тинејџерката признала дека родила бебе и го фрлила новороденчето во контејнер. По апсењето, таа била обвинета за обид за убиство и се очекува да биде обвинета пред Окружниот суд Лео.

Џо Имбриале, сопственик на Rig Outfitters and Home Store, рече дека полицијата го замолила да ја погледнат неговата безбедносна камера во петокот вечерта.
„Нешто не беше во ред. Ги видов лицата на полицајците и тие не изгледаа како што треба“, изјави Имбријале за КОБ. – Ги прашав, што бараме?, а тие ми одговорија: „Бараме некој кој фрлил црна кеса во ѓубре во вашиот контејнер. Се свртев и реков: „Те молам, не ми кажувај дека е бебе“, вели Имбриале.
„Бев шокиран“, додаде човекот. Не можам да спијам навечер знаејќи дека ова бебе е фрлено во канта. Жал ми е, но кој го правил ова? Тоа е зло. Немам зборови“, рече тој.
Не е јасно зошто тинејџерката не го однел новороденото бебе на локацијата Safe Haven каде е дозволено несаканите бебиња да бидат оставени на полицијата, пожарникарите или болничарите (лично) додека не наполнат 90 дена.

извор и фото: srbijadanas


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1