ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 9:16 AM

Македонската ракометна репрезентација заминува на ЕП, но петмина ракометари остануваат дома

Денеска попладне Македонската ракометна репрезентација заминува за Унгарија, каде во четврток го игра првиот меч со Словенија во рамките на Европското првенство во ракомет. Сепак петмина ракометари ќе останат дома, откако задолжителниот тест за корона вирус покажа дека се позитивни.

-Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4-ти и 7-ми и 10-ти јануари. Според резултатите од вчерашните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници, кои денеска требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19), соопштија од репрезентацијата.

Македонските ракометари натпреварот со Словенија ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот, по што следуваат дуелите со Црна Гора (15.01) и со Данска (17.01). Позитивните ракометари доколку добијат два негативни теста би можеле да се придружат за мечот со Данска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1