ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 8:53 AM

Неизвесна посетата на бугарскиот премиер Петков на Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин, откако биле во контакт со претседателот на Собранието Никола Минчев. Собранискиот спикер вчера доби позитивен тест за корона вирус по седницата на Совет за национална безбедност кај претседателот Румен Радев.

Минчев по речиси шестчасовната сесија на Советот се чувствувал лошо и направил тест.

Неизвесна е посетата на Кирил Петков на Скопје на 18 јануари, со оглед на тоа дека периодот на карантин во Бугарија трае 10 дена. Оваа посета од бугарска страна е најавена како израз на добрата волја на Бугарија да ги одмрзне разговорите меѓу двете земји, што ќе ги ослободи подготовките за преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Останува нејасно дали оваа посета сепак ќе се одржи, со оглед на тоа што наредбата за намалување на периодот за карантин во случај на болест и контакт сè уште не е издадена, туку е само најава на стручниот совет при Министерството за здравство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1