ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/22 3:10 PM

Бизнисот за зимско одржување на автопатите „тежи“ 1,5 милиони евра, а патиштата под мраз

Јавното претпријатие за одржување и заштита на регионалните и магистрални патишта низ земјава ќе плати 1,5 милиони евра на четири компании, кои ги изнајмило за да ги одржуваат патиштата низ земјава во зимски услови.

Но иако рамковните спогодби се склучени уште во ноември лани, сепак и државните и приватните компании вчера останаа затечени од првиот снег кој стигна во јануари. Голем дел од патиштата во земјава останаа непроодни,  граѓани на социјалните мрежи пишуваа како едвај спасиле глава поради замрзнатите коловози, а од видеата кои беа објавени на социјалните мрежи се гледаше дека и голем број возила настрадаа поради неисчистениот снег.

Податоците на Бирото за јавни набавки покажуваат дека бизнисот со  Јавното претпријатие го добиле фирмите  „РИНЏО ДООЕЛ увоз извоз с.Брвеница“,  „ЈА-МИ“ експорт-импорт ДООЕЛ Кавадарци, „ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ“ увоз-извоз Демир Хисар, „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица.

Тие се ангажирани од претпријатието како  трети лица за зимско одржување на државните патишта на територија на Подружница Скопје, Битола, Велес, Штип и Автопат за сезоната 2021/2022. Најмногу пари речиси 550.000 евра добила фирмата од Струмица, а по неа таа од Демир Хисар чиј договор вреди 464.000 евра.

Според она што се гледа од договореното со комапниите, камионите на приватните фирми се ангажираат на повик по потреба, а еден камион се рента за 150 евра дневно. Додека, пак, за еден месец јавното претпријатие треба да плати на компаниите во просек по 4.500 евра за изнајмување на камионите.

(А.С.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1