ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 8:42 PM

Го покажа стомакот – Ди Каприо ужива на плажа со 23 години помладата девојка

Леонардо ди Каприо веќе подолго време е во врска со 23-годишната манекенка Камила Мороне, а деновиве уживаа во романтичен заеднички одмор на Карибите каде што беа снимени од папараците.

Размениле нежности додека пливале на плажата во Св. Бартс, а Лео не ги тргаше рацете од Камила. И покрај љубопитните погледи на минувачите и фотографите, парот се бакнуваше во плиткото, а подоцна се возеше на џет ски.

На крајот тие се забавуваа со пријателите на плажа со храна и танцување.

Иако Камила мамеше воздишки со својата беспрекорна бикини линија, многумина забележаа дека Лео повеќе не е во форма и се здебелил.

Манекенката и актерот се во врска од декември 2017. Заедно се појавија на доделувањето на Оскарите во февруари, а актерот ја придружуваше девојката за прв пат по 2005 година, кога друштво му правеше Жизел Бундхен.

Извор: Индекс.хр

Фото: Профимедиа

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1