ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 4:44 PM

Двајца браќа од Гостивар нападнале соселанец и му ја расцепиле главата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица од село Добридол кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

На 02.05.2021 година, пред угостителски објект во селото, тие со умисла тешко телесно повредиле едно лице со кое претходно влегле во вербална расправија. Двајцата обвинети браќа, најпрвин со стапови го удриле оштетениот, а кога тој паднал на земјата, продолжиле да го удираат со клоци и боксови додека не изгубил свест. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – расцепни рани на главата, нагмечување на лактот и скршеница на десната потколеница.​


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1