ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/22 4:06 PM

Пијалокот го открива карактерот-виски е за енергични-пиво за опуштени

Уште од античко време, постојат различни верувања дека она што го пиеме одредува каква личност сме, а сега едно истражување го потврди тоа. Научниците од Австралија открија дека постои врска помеѓу омилениот пијалок и карактерот на една личност.

Додека љубителите на виски се сметаат за вооружени со енергија и самодоверба, оние кои претпочитаат пиво се третираат како опуштени луѓе кои се препуштаат на задоволствата.

Студијата ја спроведе Питер К. Јонасон, а во неа учествуваа 1232 луѓе, од кои половина се мажи, а половина жени. Истражувачите ги прашале испитаниците за нивниот омилен пијалок, но и за местото каде што сакаат да пијат.

Се испостави дека љубителите на пивото и виното се задоволни од својот живот, а на непријатностите гледаат како на минливи работи.

Виното и цидерот (алкохолни пијалоци од овошје) се поврзани со пристапни луѓе, склони кон дружељубивост и други добри особини. Исто така, овој алкохолен пијалок го претпочитаат оние кои се малку понепослушни од љубителите на други пијалоци, особено ако го консумираат надвор од домот.

Кога станува збор за пивото, тоа го сакаат едноставни, отворени и опуштени луѓе, па дури и тој пијалок е облик на релаксација и забава. Луѓето кои претпочитаат да пијат дома се покажаа потажни и попесимисти од оние кои излегуваат надвор, во клуб или кафуле.

Истражувачите тврдат дека пиењето алкохол дома им помогнало да се справат со негативните чувства.

За учесниците кои се одлучија за жестоки пијалаци, наздравувајќи надвор, се покажа дека се поотворени за дружење и забава. Јонасон претпоставува дека овие пијалоци ги консумираат повеќе екстровертните луѓе, најчесто на забави и со повеќе пријатели.

Сепак, за самиот крај, Џонасон и неговиот тим заклучија дека судењето за нечиј карактер врз основа на омилениот пијалок, не е доволно за вистински да запознаеш некого.

извор: rtcg.me


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1